Кои сме ние ЛПП?

ЛПП е меѓународна модна компанија која им овозможува на своите клиенти да ја искажат својата индивидуа во модата повеќе од 30 години. Во својот состав, ЛПП има 5 бренда: Reserved, Mohito, Cropp, House и Sinsay, и секој од нив е дизајниран за различни групи потрошувачи кои водат различен животен стил и имаат различни потреби. Најголемата движечка сила на компанијата се нашите вработени кои се над 50.000 амбициозни луѓе, работат во над 2800 продажни салони низ цела Европа, Азија и Африка.

Нашите колекции се претставени во над 3500 продажни салони во над 40 земји ширум светот. Препознатливи сме по градење на креативно и позитивно работно опкружување што ги почитува различностите во нашите тимови. 

На Македонскиот пазар постоиме 4 години, период во кој отворивме 40 продажни салони, а во моментов броиме над 390 вработени, тренд кој постојано расте и се зголемува од ден на ден. Нашите вредности се наш водич и истакнувањето на индивидуалноста и посветеноста на она што го правиме нè прави уникатни.

Кои се нашите брендови?

Reserved

Reserved е моден бренд кој ги спојува најновите трендови со неограничената слобода на изразување. Инспирацијата ја пронаоѓаме и на најголемите светски модни писти, но и во креативните предлози на модните инфлуенсери и алтернативните стилови. Колекциите на брендот Reserved носат совршен баланс помеѓу класичната елеганција и свежите, оригинални модни идеи за секоја сезона. Понудата е наменета за жени, мажи и деца, нудејќи квалитетна, модерна и разновидна облека за секојдневие и за посебни пригоди.

Cropp

CROPP е бренд наменет за млади, отворени и љубопитни индивидуалци кои преку модата ги изразуваат своите ставови и независност. Облеката не е само изглед – таа е нивниот начин на комуникација со светот. Машките колекции се инспирирани од уличната мода од различни делови на светот, спој на урбана уметност, спортови и музика, додека женската линија е фокусирана на најновите трендови, но секогаш со нагласок на единственоста и избегнување на вклопување во масата. CROPP го следи духот на времето, но останува верен на автентичноста и слободата на изразување.

Mohito

Mohito е моден бренд за жени кои ја ценат модерната, урбана елеганција и сакаат да изгледаат самоуверено во секоја прилика. Брендот ја гледа жената како слободна, сензуална и полна со живот, а таа филозофија се одразува во секое парче облека. Нашите дизајнери ги следат светските модни трендови и создаваат колекции што ги спојуваат класичните и современите кроеви, богатата палета на бои, оригиналните принтови и препознатливите дезени. Без разлика дали станува збор за секојдневни комбинации или за посебни прилики, Mohito нуди облека што го нагласува личниот стил и женственоста.

House

House е бренд наменет за младите кои преку модата ја изразуваат својата личност, став и расположение. Секоја колекција создава простор за креативност и слобода – поттикнува експериментирање, комбинирање на различни стилови и игра со трендовите. Целта на брендот е да го разбере начинот на живот на своите купувачи – нивните интереси, музика, хобија и секојдневни навики – за да понуди модерни, лежерни и достапни парчиња што одговараат на нивниот ритам и израз. Со облеката на House, модата станува лична приказна – искрена, опуштена и секогаш автентична.

Sinsay

SINSAY носи најнови модни трендови по пристапни и атрактивни цени. Нашата разновидна колекција им овозможува на сите да креираат модерен и автентичен стил за секоја прилика – без разлика дали сте тинејџер, жена, маж или дете. Покрај облеката, понудата ја надополнуваме и со производи за домот, спортот, нега на домашни миленици, како и со квалитетна козметика за нега на лицето, со што сакаме да ги задоволиме сите потреби на современиот начин на живот.

Кои се нашите организациски вредности?

Поблиску до нас

Секојдневно броиме тимски активности, нови продажни салони и нови колеги. Учиме заедно, се развиваме и градиме кариерни патишта.

Многу можности и нови продажни салони.Учиме и се развивамеDSC_8322DSC_0969 IMG_2855_1DSC_6477 IMG_2855_1DSC_6785 IMG_2855_1DSC_7198 IMG_2855_1DSC_7286 IMG_2855_1DSC_7564 IMG_2855_1DSC_8493

Отворени работни позиции

Пронајдете ја позиција која вас најмногу ви одговара и аплицирајте.