
Во потрага сме по нови таленти
LPP е меѓународна модна компанија која им овозможува на своите клиенти да ја искажат својата индивидуа во модата повеќе од 30 години. Во својот состав, LPP има 5 бренда: Reserved, Mohito, Cropp, House и Sinsay, и секој од нив е дизајниран за различни групи потрошувачи кои водат различен животен стил и имаат различни потреби. Најголемата движечка сила на компанијата се нашите вработени кои се над 63.000 амбициозни луѓе, кои работат низ цела Европа, Азија и Африка.
Нашите колекции се претставени во над 3700 продажни салони во над 41 земјa ширум светот. Препознатливи сме по градење на креативно и позитивно работно опкружување што ги почитува различностите во нашите тимови.

Пронајдете ја позиција која вас најмногу ви одговара, аплицирајте и бидете дел од нашиот тим

Основана е компанијата Mistral.
Компанијата го менува своето име во LPP.
Отворена е првата продавница Reserved.
Почеток на меѓународна експанзија.
Основан е брендот Cropp.
House и Mohito стануваат дел од LPP групацијата.
Основан е брендот Sinsay.
LPP станува омниканална компанија.
Усвоен план за декарбонизација одобрен од SBTi.
Започнува забрзаната експанзија на брендот Sinsay и отворањето нови пазари во Источна Европа и Азија.
Првата LPP продавница е отворена во септември 2021 година со брендот Reserved, а денес мрежата брои околу 50 продавници, од кои приближно 82% се Sinsay. Нашиот тим е енергичен, посветен на раст и успех, со силна тимска ориентација каде преку доверба и заедничка работа заедно го градиме секој следен чекор. LPP Македонија ја доби довербата на јавноста и за 2025 година беше прогласенa за Работодавач на годината во категоријата „Продажба на текстил“, според анкетата на „vrabotuvanje.com“.
Во силна конкуренција, ова признание ја потврдува нашата посветеност кон луѓето, тимската работа и позитивната работна средина. Ова за нас е дополнителна мотивација да продолжиме да градиме место каде што секој се чувствува ценето, поддржано и инспирирано да расте.


Reserved е моден бренд кој ги спојува трендовите со слободата на изразување. Нуди елегантни и современи колекции за жени, мажи и деца.

Mohito е бренд за жени кои ја негуваат модерната елеганција. Нуди колекции што го нагласуваат стилот и женственоста во секоја прилика.

SINSAY нуди модерни трендови по пристапни цени за секој стил. Асортиманот вклучува облека и производи за секојдневен начин на живот.

House е бренд за млади кои ја изразуваат својата личност преку стилот. Нуди модерни и лежерни колекции со фокус на креативност и слобода.

CROPP е бренд за млади кои преку модата ја изразуваат својата уникатност. Инспириран од урбана култура, нуди автентичен и современ стил.

Страсно сме посветени, размислуваме претприемнички и работиме за заеднички успех.

Имаме храброст да целиме кон повеќе. Остваруваме амбициозни цели, а потоа веднаш поставуваме нови, уште попредизвикувачки.

Фокусирани сме на резултати, ефикасни и отворени. Чувството на охрабрување ни овозможува успешно да одговориме на секоја задача.

Нѐ води довербата. Даваме автономија и се потпираме еден на друг, вреднувајќи ја експертизата.
Контакт информации:
Бул.Партизантски одреди бр.14/1-1-локал 2, Скопје
