Бидете и вие дел од LPP,
современа и реномирана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!
LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.
“Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”
Нашата моментална мрежа се состои од околу 3700 продавници во Европа, Азија, Среден Исток, а од неодамна е присутна и во Скопје со сите 5 бренда. Со цел проширување на продавници низ цела Македонија во моментов сме во потрага по нашиот иден колега:
Координатор за спречување загуби (Loss prevention coordinator)
Локација: С. Македонија, Косово и Албанија
Работни задачи:
- Следење, идентификување и анализа на потенцијални ризици и загуби во продавниците;
- Спроведување истраги и постапување по случаи на кражби, измами и други неправилности;
- Редовни посети на продавниците и контрола на примената на процедурите за спречување загуби;
- Развивање и имплементација на превентивни мерки и акциски планови за намалување на загубите;
- Следење на безбедносните системи и нивната функционалност;
- Анализа на податоци, подготовка на извештаи и предлагање подобрувања;
- Спроведување обуки и поддршка на тимовите во продавниците за правилна примена на процедурите;
- Соработка со релевантни интерни и надворешни институции, вклучително и полицијата кога е потребно.
Твој профил:
- Високо образование;
- Искуство во малопродажба, пожелно на позиција Store Manager;
- Развиени аналитички и истражувачки способности;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office;
- Способност за решавање проблеми, справување со доверливи ситуации и донесување одлуки;
- Флексибилност и подготвеност за чести службени патувања (до 80% од работното време);
- Возачка дозвола- Б категорија.
Бенефиции:
- Стабилна кариера во интернационална компанија;
- Службено возило, мобилен телефон и лаптоп;
- Можности за професионален и кариерен развој;
- Конкурентна плата, бонуси и бенефити;
- Динамична и пријателска работна средина;
- Континуирани обуки и унапредување на вештините.
За аплицирање проследето го вашето CV најдоцна до 12.11.2026 год.
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.