Бидете и вие дел од LPP,
современа и реномирана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!
LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.
“Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”
Нашата моментална мрежа се состои од околу 3700 продавници во Европа, Азија, Среден Исток, а од неодамна е присутна и во Скопје со сите 5 бренда. Со цел проширување на продавници низ цела Македонија во моментов сме во потрага по нашиот иден колега:
Позиција: Регионален HR специјалист
(Regional HR Specialist)
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Организација и спроведување на процесот на регрутација и селекција на кандидати за различни позиции во доверениот регион.
- Регрутација и кадровска поддршка при отворање на нови продавници во регионот и по потреба надвор од него.
- Подготовка, организација и координација на обуки и онбординг процеси за нововработените, во согласност со деловните потреби и HR стратегијата.
- Имплементација и унапредување на HR процеси и алатки, како и обезбедување поддршка за нивна успешна примена.
- Идентификација и развој на таленти, со активно учество во градење позитивна организациска култура и ангажираност на вработените.
- Тесна соработка со регионалниот менаџмент, менаџерите на продавници и HR тимот, вклучувајќи employer branding активности, корпоративни настани и HR известување.
ТВОЈ ПРОФИЛ:
- Високо образование
- Минимум 2 години претходно работно искуство, по можност во областа на човечки ресурси
- Искуство во retail е секогаш плус
- Одлично познавање на англиски јазик (говорна и писмена комуникација)
- Напредно познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint) и работа со интернет алатки
- Возачка дозвола Б категорија и активен возач
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Проактивен пристап, ориентираност кон резултати и способност за работа во динамична средина
БЕНЕФИЦИИ:
- Стабилна кариера во интернационална компанија
- Службено возило, мобилен телефон и лаптоп;
- Можности за професионален и кариерен развој
- Конкурентна плата, бонуси и бенефити
- Динамична и пријателска работна средина
- Континуирани обуки и унапредување на вештините
За аплицирање проследето го вашето CV најдоцна до 29.11.2026 год.
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.