Продажни Асистенти - Reserved City Mall, Скопје

Скопје, Северна Македонија


LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.

“Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”

Нашата мрежа од околу 3700 продавници во Европа, Азија и Среден Исток од неодамна е проширена и во Македонија и во моментот а заради отварање на нови продажни салони сме во потрага по кандидати за позиција:


Продажни асистенти 

Локација: Скопје, Reserved


Основни одговорности

 

  • Проактивен пристап во продажба и советување на купувачите
  • Разбирање на потребите на купувачите, асистениција при купување и  откривање на нивните потреби
  • Доставување на точни и прецизни информации на купувачите за производи, цени, промоции и тоа на брз и ефикасен начин
  • Одржување на визуелен изглед на продажниот објект
  •  Работа на каса 


Што очекуваме

 

  • Степен на образование – средна стручна спрема
  • Работно искуство во малопродажба ќе биде земено како предност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Позитивен пристап
  • Страст и интерест кон модна индустрија
  • Подготвеност за работа во смени, работа за време на празници и викенди


Ние Ви нудиме

  • Стабилна позиција во една од глобално најуспешните компании во областа на модна индустрија
  • Можност за кариерен раст и развој
  • Конкурентна месечна плата
  • Можност за месечни бонуси
  • Паричен надоместок за превоз
  • Компаниски попусти
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
  • Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови

 

За аплицирање проследето го вашето CV најдоцна до 07.06.2026 

Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.

 

 

 

 

 

 

Продажни Асистенти - Reserved City Mall, Скопје

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Продажни Асистенти - Reserved City Mall, Скопје

Лични информации