LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.
“Нашиот тим го сочинуваат над 62 000 извонредни, енергични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”
Нашата мрежа од околу 3700 продавници во Европа, Азија и Среден Исток од неодамна е проширена и во Македонија
Отворена позиција: Помлад сметководител
Локација: Скопје
Клучни одговорности:
- Приспособување на стоката и пресметка на финансиско резервирање на набавка; промена на цена и друга документација поврзана со промена на стоката;
- Известување на владини статистики до главниот сметководител, усогласување со компаниите;
- Помагање при поднесување даночни извештаи (данок на доход, WHT);
- Следење на промените во законодавството и да учествување на едукативни семинари;
- Учество во собирање и процесирање на целата документација и постапка поврзана со прометот;
- Сложување на ТО табела (готовина дали е добро внесена и ПОС дали едобро внесен и каде има разлики) и готовина со извод книжен со вадење на картици од системот и споредување со ТО;
- Книжење на попустите/промоциите/акциите на крајот од секој месец;
- Книжење на влезни калкулации и нивелации, принтање и сложување на крај на месец, тековно следење на ажурирањето и книжење на трансфери;
- Редење на вирмани во извод;
- Книжење на магацини, влезни калкулации, нивелации;
- Издавање на излезни фактури;
- Проверување на ТКМ со Fin Acc Report за промети, за влезни калкулации, реиндексација;
- Проверување на полугодишни ТКМ со Fin Acc Report и споредба со книжењето во системот;
- Реиндексација на крајот од секој месец;
- Учество и помагање во книжењето на годишниот попис;
- Изработка на месечен благајнички извештај и водење на благајна;
- Други доделени должности поврзани со работата.
Потребни квалификации:
- Високо Образование – Економски факултет
- Работно искуство: минимум една година претходно работно искуство
- Општи услови и компетенци:
- Англиски јазик (течен говорен и пишан)
- Работа на компјутер (Word, Excell, PowerPoint, Internet browser)
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
Ние Ви нудиме:
- Стабилна позиција во една од глобално најуспешните компании во областа на модна индустрија
- Можност за кариерен раст и развој
- Конкурентна месечна плата
- Можност за месечни бонуси
- Паричен надоместок за превоз
- Флексибилно работно време
- Компаниски попусти
- Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
- Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.
Споделете ја вашата апликација најдоцна до 31.07.2026